датира
датираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 9176
1.
Определи, определува датум на настанувањето на некое дело, факт во минатото.
Примери:
Како треба да се датира Евангелието?
Зборникот го датираат од четиринаесеттиот век.
2.
Води потекло, потекнува, трае од некое време.
Англиски:
stem
Албански:
prejardhje
Обредните песни датираат уште од паганските времиња.
3.
Стави, става датум на писмо, акт и сл.
Примери:
Ја датира судската одлука.
Изведенки
датирање ср.
глаг. им.
глаг. им.